Биогасната централа е постројка што произведува електрична и топлинска енергија од биогас. Биогасот настанува кога органски материјал — арско ѓубре, растителни остатоци, отпад од прехранбената индустрија — се разградува во затворен резервоар без присуство на кислород.
Зошто е интересна за земјоделските стопанства
За фарма со сточарско производство, биогасната централа решава два проблема истовремено: го третира ѓубрето и произведува енергија што се продава или се користи во сопственото работење. Остатокот од процесот е квалитетно органско ѓубриво.
- Стабилен приход од продажба на електрична енергија
- Намалени трошоци за загревање на објектите
- Помал притисок од трошоците за управување со отпад
- Придонес кон ESG показателите на компанијата
Финансиска конструкција
Инвестицијата во постројка од овој тип по правило се структурира како комбинација од грант, банкарски кредит и сопствено учество. Преку ИПАРД и националните мерки за обновливи извори, грантовиот дел може да покрие значителен дел од вредноста на инвестицијата.
Пред да се аплицира, потребна е инвестициска програма со реални проекции на производството и на откупната цена. Токму тука најчесто се прави разлика меѓу одобрен и одбиен проект.




